ХЕЦ-Шпилје произведе 57% повеќе струја

Bez autora
Jan 22 2014

Во ХЕЦ-Шпилје кај Дебар лани се произведени 395 милиони киловат-часови електрична енергија што е 57% повеќе од годишниот план. Ланското производството е поголемо за 156 милиони киловат-часови од претходната година. Тоа, велат надлежните, се должи на поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, посебно во периодот февруари-мај, и оптимизацијата на производните капацитети. Годишниот план од 252 милиона киловат-часови беше реализиран во средината на летниот период. Во 44-годишното постоење, историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено пред четири години, поради исклучително поволната хидрологија, велат во "Шпилје".

ХЕЦ-Шпилје произведе 57% повеќе струјаВо ХЕЦ-Шпилје кај Дебар лани се произведени 395 милиони киловат-часови електрична енергија што е 57% повеќе од годишниот план.

Ланското производството е поголемо за 156 милиони киловат-часови од претходната година. Тоа, велат надлежните, се должи на поволната хидролошка состојба на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, посебно во периодот февруари-мај, и оптимизацијата на производните капацитети.

- Годишниот план од 252 милиона киловат-часови беше реализиран во средината на летниот период. Во 44-годишното постоење, историски рекордно производство, од околу 500 милиони киловат-часови беше остварено пред четири години, поради исклучително поволната хидрологија, велат во Шпилје".

Во акумулацијата Дебарско Езеро" моментно има резерви за производство на над 40 милиони киловат-часови, а средниот дотек е 21 метар кубен вода во секунда.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik